Cro | Ser | Slo | Mcd

Да бидеш исклучителен

МОЖНОСТ ЗА ONLINE УЧЕЊЕ

 

Драги колеги,

Поради моменталната специфична состојба, за жал не сме во можност да ги организираме едукациите во живо. Сепак ова не значи дека ќе престанеме со учење, само ќе се префрлиме на други канали погодни за учење :-).

Подолу можете да ги најдете сите моментално достапни развојни можности. Сигурни сме дека ќе најдете нешто интересно и корисно, како и нешто што ќе ви помогне полесно да ја надминете ново настанатата ситуација и овој период делумно да го искористите како можност за нови знаења и вештини.

Редовно ќе Ве известуваме за можностите за учење, на Intranet страната, како и на Creator групата Let’s learn, каде ќе имате можност да оставите коментар, да прашате, да ги поделите своите активности со колегите...! На вас е да изберете и редовно да го пратите комуникацискиот канал кој најмногу ви одговара.

Уживајте во учењето!

 

Тимот на Talent & Development

Забелешка: При изборот на обуката на која би сакале да приуствувате, обрнете внимание за која целна група е наменета обуката, како и на кој јазик е.