Cro | Ser | Slo | Mcd

Да бидеш добро

Во време кога социјалната дистанца стана нешто вообичаено, се чини дека ни е потребна социјална прегратка како никогаш до сега. Потребни ни се луѓе околу нас, чувство дека сме сакани и дека некој се грижи за нас.

Иако грижата и чувањето на здравјето е основна одговорност на секој од нас, сфативме дека и нашите блиски можат да имаат голема улога. Исто така, и организацијата може значајно да помогне во тој поглед. Атлантик Група се грижи за своите вработени и затоа сака да ја поддржи нивната емоционална, социјална и физичка благосостојба.