Ден на вредностите - Atlantic Soul

Атлантик Група им помага на своите локални заедници благодарение на заедничките активности кои почнаа од 2012. година преку програмот Ден на вредности. На еден ден кој се случува секоја година, колегите од сите држави се здружуваат како би учествувале во активности кои ги претставуваат нашите вредности: грижа, отвореност, страст и раст. Со позитивна енергија, тимски дух и добра атмосфера сакаме да ги поврземе сите Атлантиковци и овој пат, како би оставиле заеднички позитивен печат во своите заедници преку соработка и доброволни активности.
Оваа година Денот на вредностите трае се додека нашата заедницата повторно не зајакне. Во ова сме заедно.
Како и секогаш, вие ќе ги предложите активностите во кои ќе се вклучиме.
Известете не како и на кого би можеле да помогнеме во вашата локална заедница, а ние ќе ги повикаме колегите да се вклучат и помогнат. Вашите предлози испратете ги на [email protected]
Оваа година во различен формат
Оваа година Денот на вредностите трае се додека биде потребно и се додека сме и потребни на заедницата. Во ова сме сите заедно иако се ангажираме индивидуално. Еве по што овогодинешниот Ден на вредностите се разликува од претходните:
- Не трае само еден ден, туку континуирано, се до понатамошно известување
- Не се собираме во заеднички акции туку се ангажираме индивидуално
- Предлозите за активностите можете да ги дадете во било кое време
- Предлозите за активностите треба да бидат во согласност со препораките на локалните Кризни штабови
Инспирирајте ги другите
Споделете со нас на кој начин помагате во подобрувањето на својата локална заедница и со тоа ги инспирирате и другите да се вклучат. Испратете ни ги вашите приказни и фотографии на мејлот [email protected].