Cro | Ser | Slo | Mcd

Негувајте ја еколошката одржливост на вашата заедница

Бројни јавни служби се задолжени за убавината и чистотата на заедниците во кои живееме. Некои се поуспешни, а некои помалку успешни, но факт е дека ниту една служба не може да ја замени културата за грижа на сопствената околина.

Станува збор за мали (но понекогаш и големи) работи кои треба да ги почитуваме, научиме, усвојуваме и за нив да ги поучуваме новите генерации; да не оставаме отпад зад себе, да ги затвараме славините и да го исклучувме светлото, да рециклираме и поправаме наместо да фрламе. Постои и следно ниво на ангажман, проактивно, каде нема да “не” работиме, туку ќе делуваме активно. 

Искористете ги убавите пролетни денови и пробајте нешто од наведеното, сами, со своето семејство или во друштво на пријателите и соседите; 

Споделете со нас на кој начин се грижите за вашата околина во која што живеете да биде чиста и зелена и на тој начин да ги инспирирате другите. Испратете ја вашата приказна или слики на мејлот [email protected]