Црвениот крст на Р. Северна Македонија бара тренери за едукации
Станува збор за on–line едукации кои ги организира Црвениот крст за личен раст и развој на своите волонтери. Доколку имате некое знаење или вештина кои би сакале да ги споделите, ова е можност за Вас!
Концептот е замислен редовно да се одржуваатразлични едукации во соработка со компании во траење од 45 минути.
Еве само неколку предлози за едукации кои можете да ги одржите;
- Како да напишете добра биографија и успешно да се претставите на интервју за работа,
- Како да препознаеме и развиваме таленти
- Техники за справување со стрес, mindfulness
- Основи на работа во MS Office (Excel, PowerPoint, Word)
- Јавен настап и презентација
- Како на добар начин да дадете повратна информација
- Управување со лични финансии
- Дигитален маркетинг
- Маркетинг стратегија
- Управување со луѓе
Исто така, размислете какво знаење и вештини поседувате што би можеле да го споделите со другите и контактирајте не со предлог на [email protected]
Споделете со нас на кој начин помагате во подобрување на својата локална заедница и на тој начин ги инспирирате и другите да се вклучат. Испратете ни ги вашите приказни и фотографии на мејлот [email protected].